Уставни чуда

Судиите ги заборавиле лекарите и нивната ден и ноќ макотрпна работа  и нивната човечка хуманост да ги оставаат дома своите најблиски и да спасат човечки животи. Што би направиле судиите, ако лекарите би одбиле да лечат судии поради нивните ниски плати и работен ризик за време на пандемијата?

2,008

Во една моја колумна напишав дека Уставниот Суд го спие зимскиот мечкин сон и не реагира ни за добро ниту пак за лошо. Ужива во комоцијата. После најновата одлука на уставните судии (унанимни биле сите во одлуката-велат тие!) да ја  укинат владината уредба  за намалување на платите на судиите, обвинителите, пратениците, министрите, директорите и сите други именувани лица ми стана јасно дека  тие се преправеле дека спијат, а во дискреција ги следеле сите настани во земјата. Зошто тогаш таа реакција со светлосна брзина за една уредба со сила на закон на техничката влада која можеш да ја рушиш во секој момент?

Од неофицијалните образложенија од судијската фела дознавме дека во Македонија (оваа Северна) кога сите се одморале и не оделе на работа единствено судиите и обвинителите се скапале од работа: де Боки 13 во сапунски серии, де прекршочни и кривични пресуди од ковид-19, де ова де она, и т.н. Бидејќи во ера на самоволно распуштено Собрание и на техничка влада со лимитирани законски ингеренции никој нема уставна  должност да ја контролира извршната власт, уставните судии се разбудиле од тешкиот зимски мечкин сон и со невидена брзина удриле по една уредба која во ситуација на пандемија удира и по нивните џебови. Е тоа, судиите (секоја чест на ретките судии кои спаѓаат во категорија на чесни луѓе и компетентни судии) нема да го дозволат. Судијската фела не е научена да ѝ се удира по длабокиот џеб, и според некои компаративни анализи спаѓа во најкорумпираните слоеви на општеството. За сиромашните, невработените, за тие кои ја изгубиле работата поради злогласниот кинески вирус ( Трамп тоа го рече!) треба да се грижи Господ, велат судиите оти тој ги создал, и државата оти таа управува со нив! Ние сме научени на слава, казнување и луксуз. Така не научи и славната Катица!






Судиите ги заборавиле лекарите и нивната ден и ноќ макотрпна работа  и нивната човечка хуманост да ги оставаат дома своите најблиски и да спасат човечки животи. Што би направиле судиите, ако лекарите би одбиле да лечат судии поради нивните ниски плати и работен ризик за време на пандемијата?

Што мислат судиите за нископлатените полицајци кои исто така се жртва на овие тешки времиња на коронавирусот?

Над нас не е никој- мислат тие! Што да прави кутрата сиромашна држава пљачкана со децении од своите политички елити. Од каде да најде таа толку пари кои на прес со голема леснотија бараат некои политички партии и лидери  кои во многу тешко време само делат и делат: толку милиони евра за бизнисот, толку за сиромашните, толку за здравството, толку за ова, толку за она. Само бројат пари како да никнале на ливада. И сонуваат нивна власт.

Ова Одлука ме потсети на една  моја неодамна „добиена“ одлука на Уставен суд. Тогаш покренав иницијатива до Судот во Законот за извршување на буџетот за се вклучат и административците и на нив да  им се исплатат патните трошоци за доаѓање на работа, исто како и на именуваните лица од страна на владата. Се повикав на уставната одредба на еднаквост на граѓаните без оглед на национална, верска и друга припадност. Судот, за жал, реагираше промотно и ја прифати „мојата“ иницијатива и еден мој сопартиец-судија требаше да реферира пред колегиумот. Судијата сопартиец (кој  ми ги „чистеше“ кондурите кога бев министер!) дојде на консултација кај мене и ми рече дека сум бил во право и дека како судија известител тој имал право да го прошири барањето. Имено, според него, не се спорни лицата кои ги именува владата, но таму би требало да се додаде дека истото право им следи и на именуваните од Собранието. Демек судиите. И ми доставија решение дека се прифаќа мојата иницијатива и на именуваните од Собранието ( т. е судиите) да им се исплаќаат патните трошоци. Решението го вратив до Судот со образложение дека такво барање никогаш не сум доставил до Судот, и дека тоа е нивна конструкција! На ова не се налутив толку и неможев да ги нарекувам како партиски судии бидејќи тоа не беше партиски интерес, туку личен на судиите. Спротивно на тоа многу се налутив на гласањето во Собранието  на командант Мсуси и  командант Поети против еден пратенички амандман за вклучување и на административците во оваа категорија.

Поранешните пратеници Мсуси и Поети гласале против вољата на нивните избирачи. Двајцата и ден денес уживаат во партиските благодети додека нивните гласачи , тотално нерамноправни со нивните „газди“ го финансираат нивното работно место и нивните патни трошоци!

Коронавирусот ги разобличи некои категории на луѓе. Тие паднаа на испит на моралот и хуманоста. Прво: лидерите на некои политички партии остро реагира на предлогот да се укине финансирањето на политичките партии во полза на солидарниот фонд. Замислите тие не се сложуваат парите на народот исплатени како даноци да ги вратат на народот. Кој е до изворот, тој ја пие и водата, велат политичарите. Што мислите господа? Изборите, на кои вие често мислите дури и во  времиња на пандемија, не се далеку. Таму ќе се видиме очи в очи.

Некои лидери на политички партии двоструко се засрамија: еднаш кога одбија на народот да му дадат право да ги бира своите претставници во највисокиот законодавен дом, и втор пат да му ги вратат парите на народот, оти не ги заслужуваат.

Второ: „газдата“ на пратениците спикерот Џафери, не дава неговите „потчинети“ пратеници повторно да се состанаат затоа што пратениците доброволно го вратиле нивниот пратенички мандат. Сепак тој дозволува  самиот, исто како тие што не доаѓаат на работа, да зема пратеничка плата и бенефиции: кола, возач, бодигарди, ротациони света. Господа, сте заборавиле ли дека сте го вратиле доброволно мандатот?! Дали знаете дека не сте веќе пратеник, и никој не ве плаќа без работа.

Трето: Агенцијата за електронски комуникации, платена од џебот на граѓаните, со огромен буџет не сака да слуша за прилив на пари во солидарниот фонд, иако годишно врти стотица милиони евра.

Државата не ја ферма никој, па ние да ја фермаме, велат тие. А и државата молчи, и молчи. Некој активист против казината изјави дека коронавирус не е ништо во споредба со казиновирусот. Ете сите се бориме против коронавирусот: со карантин без карантин, со неколку илјади евра казни за едно излегување надвор. Министерката за финансии се бори за казиновирусот оти тој ни го полни со 23% буџетот!!!

Четврто: Банките. Само многу кратко. Не за нивната малодушност да потрчат да делат дивиденда во време на коронавирус туку од нивната уцена кон нивните клиенти. Ако за една транскација се чека од 1-5 часа во ред во услови на коронавирус колку време ќе ни треба во услови на полицијски час да ги звршиме другите заостанти работи?

Банкарите и нивните блиски владини функционери се налутиле што Фрчковски во ера на пандемијата предлага да го примениме полскиот систем на раководење со банките: 30% од нивната дивиденда да оди во прилог на борбата против коронавирусот. Претеруваш, Фрчко, претеруваш. Банкарите не ги фаќа коронавирусот, тие имаат пари. Навистина „претерува“ ми вели еден пријател. Фрчко сака да воведе систем на Мадуро!

Македонија сѐ ште не сме дел од ЕУ за да воведе европски принципи на однесување. Како да тече начинот на ослабување на ригорозните мерки? Во Данска, на пример, предност имале фризерските и салоните за убавина а данките не се познати по луксузирање туку по скромност. Зошто тоа токму така треба да објасни данската влада.

А ние?

Поврзани содржини