Уставен го укина ставот 3 од членот 163 од Закон за банките со кој осигурените депозити се обесштетуваа пред другите депозити

Ставот кој се укинува гласи:„ побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители“.

4,334

Уставниот суд денеска го укина ставот 3 од членот 163 од Законот за банките  со кој се овозможува приоритет на побарувањата на Фондот за осигурување на депозити  при прогласување на стечај на банка.

Како што е соопштено, Уставниот суд  одлучи да  го укине член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/201, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019).






Иницијативата за оценување на уставноста на ставот 3 од членот 163 од  Законот за банките ја поднесоа оштетени штедачи од Еуростандард банка, а членот 163, став 3, кој тие го оспоруваат, гласи:

„Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители“.

Тоа во практика значи кога банка ќе отиде во стечај, прво се обесштетува Фондот за осигурување депозити, кој, пак, е формиран за да ги обесштети граѓаните со штеден влог до 30.000 евра, што е максимален влог кој е гарантиран со закон. Ако некој има заштеда над таа сума, мора да чека од стечајната маса да му бидат вратени парите.

Поврзани содржини