УСТАВЕН ГО ПОНИШТИ ЗАКОНОТ ЗА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ Кратењето плати ги поткопува независноста на судството и на судиите

Уставниот суд истакнува дека коефициентите за утврдување на платите на судиите беа намалени два пати во 2024 година и повторно во февруари 2026 што според Судот, укажува дека постои тенденција на намалување на реалниот износ на судиските плати, што создава опасност за загрозување на нивната материјална положба, а со тоа и за загрозување на независноста и самостојноста на судството.

118

Финансиската независност и самостојност на судството беа клучниот аргумент со кој Уставниот суд на денешната 9. седницата го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите.

Судот истакнува дека коефициентите за утврдување на платите на судиите беа намалени два пати во 2024 година и повторно во февруари 2026 што според Судот, укажува дека постои тенденција на намалување на реалниот износ на судиските плати, што создава опасност за загрозување на нивната материјална положба, а со тоа и за загрозување на независноста и самостојноста на судството.






Законот за изменување на Законот за платите на судиите беше донесен во февруари 2026 година.

„По поведувањето постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите, Собранието наместо да постапи согласно ставовите на Уставниот суд изразени во Решението за поведување постапка од 24 декември 2025 година, изврши ново намалување на коефициентите на платите на судиите, па Судот одлучи по сопствена иницијатива да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите од 25 февруари 2026 година и истиот да го поништи како спротивен со член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 4, членовите 51 и 54 и Амандманот XXV на Уставот на Република Северна Македонија“.

Уставниот суд соопштува дека независноста на судската власт е уставно загарантирана како дел од темелните вредности на уставниот поредок, владеењето на правото и поделбата на власта.

Поврзани содржини