„УСТАТА“ ЌЕ ЈА БАРА ПРАВДАТА, ПОРАДИ НАВОДНИ 100 СМРТНИ ЗАКАНИ Бугарскиот рапер се обратил до МНР во Софија и до бугарската агенција за безбедност

Во средата раперот прво поднел пријава во полиција, но нагласил дека прашањата што таму му ги поставувале биле апсурдни.

5,257

Бугарскиот рапер познат како Устата кој изнесе навреди кон Македонија во своја песна вели дека се обратил до бугарското Министерство за надворшени работи и до бугарската Државна агенција за Национална сигурност(ДАНС) за да ја бара правдата поради, како што тврди, 100-те смртни закани кои ги добил по објавување на песната, јавува бугарската телевизија „Нова“.

Во средата раперот прво поднел пријава во полиција, но нагласил дека прашањата што таму му ги поставувале биле апсурдни.






– Затоа решив да се обратам до повисоките институции – изјави Динев за „Нова“.

„Устата“, односно Иван Динев претходно објави песна во која ги имаше и следните стихови:

„Прва лекција по историјата на Македонија. Тоа не е држава, туку територија. Мала провинција со големи амбиции, пораднала со бугарските традиции“.

„Со бугарски корени се сите дрва до 1945-та година. Македонскиот јазик е дијалект на бугарскот“, вели тој понатаму во песната.

На неговите стихови со свои рап-стихови му одговори македонскиот водител и шоумен Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит.

„БЛГАРСКА КРВ ТЕЧЕ ВО ВАШИТЕ ВЕНИ“ Бугарски рапер им посвети песна на Македонците (ВИДЕО)

 

Поврзани содржини