КАКО ЌЕ СЕ ОДВИВА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР Комбинирана настава и пункт за вакцинација
Од Владата ќе се бара изготвување протоколи за високо образование, привремени мерки, наредни мерки, наменски протоколи и планови за заштита на здравјето на населението од заразната болест, соопштува УСС.
Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објави дека за предавањата во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 гоидна ќе се применува комбиниран модел на настава (онлајн и со физичко присуство).