УСПЕШНО ИЗВЛЕЧЕНИ 5 ДЕЦА И ВОЗРАСЕН ЗАВЕАНИ ВО КОЧАНСКОТО СЕЛО РАЈЧАНИ Децата се предадени на родителите

Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и  предадени на нивните родители.

389

Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани денеска  успешно извлече 5 деца и еден возрасен човек кои биле завеани во село Рајчани, Општина Кочани, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Децата се безбедни и предадени на нивните родители.






Како што соопштија од ЦУК повик за помош е добиле во 09.53 часот преку единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи  112.

Од ЦУК веднаш е контактирале со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите.

– Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и  предадени на нивните родители – велат од ЦУК.

Поврзани содржини