УСПЕШНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА „ГРИН МАШИНС“ ВО БРИТАНИЈА „Брако“ го привлече интересот на посетителите

На штандот во „Националниот изложбен центар“ беа презентирани дел од возилата кои што се дел од палетата на иновативните и технолошки најсовремени машини од линијата „Грин Машинс“: GM400ze, GM500ze и GM1ze.

91

На 14 и 15 септември „Брако“, со својот бренд возила за одржување хигиена во урбани средини, „Грин машинс“, учествуваше на RWM & Letsrecycle Live во Бирмингам, Велика Британија. На овој водечки настан во Велика Британија на кој што учествуваат реномирани компании и врвни професионалци од сферата на управување со отпад, ресурси и одржливост, „Грин машинс“ го привлече интересот, како на досегашните, така и на нови потенцијални корисници.

На штандот во „Националниот изложбен центар“ беа презентирани дел од возилата кои што се дел од палетата на иновативните и технолошки најсовремени машини од линијата „Грин машинс“: GM400ze, GM500ze и GM1ze.






– Одговорните на возните паркови од општинските совети на градовите го потврдија високото мислење за „Грин машинс“ возилата, истакнувајќи ги придобивките од досегашното користење на истите, со намера да ја продолжат соработката. За таа цел, со повеќе од 30 британски општини, закажавме демонстрација на возилата и пробно возење во кругот на општините од страна на идните корисници – истакна извршниот директор на „Брако“, Благој Шалев.

Со повеќе од 550 изложувачи и повеќе од 12.000 посетители речиси секоја година, RWM & Letsrecycle Live претставува платформа преку која што се забрзува транзицијата кон подобра и еколошки почиста планета преку искористување на природните ресурси, што силно се надоврзува на визијата и мисијата на „Брако“ и „Грин машинс“ за почиста и поздрава животна средина.

Годинешното издание на RWM & Letsrecycle Live се одржуваше во денови кога Велика Британија, но и останатиот дел од светот е во жалост по смртта на Нејзиното Височество, Кралицата Елизабета Втора. Токму поради ова и овој настан во Бирмингам, иако успешен за учесниците помеѓу кои беше „Грин машинс“, помина во духот на оддавањето почит кон животот и делото на Кралицата.

Поврзани содржини