📷 УСПЕШНА МИСИЈА НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ПАРИЗ Бајден најави нова помош за Украина од 225 милиони долари

САД ќе застанат со вас - му рече Бајден на Зеленски на средбата во Париз.

394

Американскиот претседател Џо Бајден денеска вети поддршка за Украина и најави нови 225 милиони долари помош за Киев, на средба со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Париз.

– САД ќе застанат со вас – му рече Бајден на Зеленски откако и двајцата присуствуваа на комеморации на Денот Д во северна Франција.






Бајден, исто така, изрази жалење за доцнењето во добивањето нова помош преку Конгресот.

 

Украина ќе добие дополнителна помош и од Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера најави дека земјата ќе испрати борбени авиони Мираж 2000 во Украина, а Украинците во Франција ќе бидат обучени да управуваат со тие авиони. Зеленски тврди дека сегашниот руски режим не признава граници, бидејќи „ни Европа не му е доволна“.

Поврзани содржини