УСПЕА ВО МАРАТОНСКИОТ ПОДВИГ Марко исплива од Охрид до Струга и назад за децата со ретки болести

1,104

Тринаесетгодишниот пливач од Охрид, Марко Пејчиноски, успеа и во денешниот подвиг. Тој исплива од Охрид до Струга и назад. Релацијата Охрид-Струга-Охрид ја преплива за 9 часа и 6 минути.

Маратонската релација Марко ја исплива во знак на поддршка за децата со ретки болести.






„Марко успешно го заврши пливањето посветено на Децата со ретки болести. Релацијата Охрид-Струга-Охрид ја преплива за 9 часа и 6 минути. Ви благодариме на поддршката“, објави фејсбук-страницата на Пејчиноски.

Марко направи уште еден подвиг, откако преплива од Охрид до Св. Наум на 3ж јули во чест на празникот посветен на „Преподобен Наум Охридски Чудотворец“ кој се празнува на тој ден и стана најмладата личност која ја препливала оваа патека за време од 7 часа и 15 минути.

Младиот пливач на 28 август пред три години го преплива Охридското Езеро за девет часа.

Поврзани содржини