УСМРТЕН ПЕШАК ВО ЖЕЛИНО Полицијата нема детали за несреќата

По несреќата е започнат увид од обвинител од тетовското Јавно обвинителство и стручна екипа од СВР Тетово.

119

Педесетгодишен жител на Желино го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во синоќа во ова тетовско село околу 20.30 часот.

– Во СВР Тетово во 20.30 часот било пријавено дека на локален пат во Желино патничко моторно возило удрило и усмртило 50-годишник кој бил пешак.  По пријавената несреќа во полицијата била повикана и екипа од итна медицинска помош од каде е констатирана смрт кај 50 годишникот – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.






По несреќата е започнат увид од обвинител од тетовското Јавно обвинителство и стручна екипа од СВР Тетово. Тетовската полиција најави уште детали за сообраќајката во текот на денот. 

Поврзани содржини