УСЛОВОТ НА МИЦКОСКИ ЕДНОСТАВНО Е НЕОСТВАРЛИВ Оцена на Алијанса за Албанците
Како што сите знаеме, нашата преговарачка рамка одобрена од 27 земји-членки на ЕУ експлицитно го условува отворањето на преговорите со усвојување на уставните измен – потсетува Алијанса на Албанците.
Условот на македонската опозиција за суспензивни уставни измени е едноставно неостварлив, бидејќи е во спротивност со преговарачката рамка на ЕУ. Уставните измени треба стапат во сила најдоцна до моментот на одржување на Втората меѓувладина конференција – оценува Алијанса на Албанците.
„Размената меѓу двете најголеми македонски партии со понуди и контрапонуди за гласање на уставните промени, директно влијаат и на интересот на Албанците. Иако нивните услови се конфузни и надвор од реалноста, ја поздравуваме новата волја на ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени. Како што сите знаеме, нашата преговарачка рамка одобрена од 27 земји-членки на ЕУ експлицитно го условува отворањето на преговорите со усвојување на уставните измени. Значи, прво усвојување на уставните измени, а потоа отворање на преговорите. Затоа, оценуваме дека условот на македонската опозиција за суспензивни уставни измени е едноставно неостварлив, бидејќи е во спротивност со преговарачката рамка на ЕУ. Уставните измени треба стапат во сила најдоцна до моментот на одржување на Втората меѓувладина конференција.
Во однос на условот на ВМРО-ДПМНЕ за излез на албанските партии од владата, нас нè интересира завршувањето на европскиот процес и перспективата на граѓаните, а не изборните калкулации. Алијансата за Албанците реши да влезе во владата заради процесот, но ќе се адаптира во зависност од новите околности, дали во владата или надвор од неа. За нас е важно само завршувањето на процесот и ќе дадеме свој придонес, без услови и без уцени – се вели во соопштението на АА.