УСЛОВНА КАЗНА ЗА НЕГУВАТЕЛКАТА ШТО ИМ ДАВАЛА ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ НА ДЕЦА Забрането ѝ е 5 години да работи во дејноста

Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата.

429

Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негувателката во градинка за Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата. Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција.

Поврзани содржини