УСЛОВИТЕ ЗА УКРАИНА ДА ВАЖАТ ЗА БАЛКАНОТ Австрискиот канцелар бара еднаквост во пристапот кон Унијата

Тоа мора да важи и за другите земји-кандидати од Западен Балкан. Неопходни се и јасни сигнали за Македонија и за Албанија, посочи Нехамер.

637

Условите за членство во Унијата кои ќе ѝ бидат поставени на Украина, мора да важат за земјите од Западниот Балкан вклучително и Босна и Херцеговина, а Австрија ќе се залага за ова, вели австрискиот канцелар Карл Нехамер. Тој најави дека по добивањето на кандидатски статус, кој ќе им биде доделен на Украина и Молдавија, а можеби и на БиХ и на Грузија, во Унијата ќе се воведе нова постапка со која кандидат ќе може да се стане и пред исполнување на критериумите.

– Тоа мора да важи и за другите земји-кандидати од Западен Балкан. Неопходни се и јасни сигнали за Македонија и за Албанија – посочи Нехамер.

Поврзани содржини