УШТЕ ВИКЕНДОВ СО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ Од вторник доаѓаат врнежи и засилен ветер
Убавото време ќе нè служи и во понеделник, а веќе од вторник следуваат врнежи, засилен јужен ветер и облачно време.
Уште викендов ќе можеме да уживаме во топлото и сончево време, а дневните температури ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Утрата ќе бидат магливи со температура од-3 до 3 степени, но маглата ќе се расчистува во текот на денот.
Убавото време ќе нè служи и во понеделник, а веќе од вторник следуваат врнежи, засилен јужен ветер и облачно време.
Во Скопје утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 17 степени. Сонцето ќе зајде во 17 часот и 32 минути.
Ноќеска во три часот по полноќ, во Македонија ќе се поместат стрелките на часовникот. Тоа значи дека во недела наутро времето ќе биде поместено за еден час поназад.