УШТЕ УТРЕ ОБЛАЧНО И СУВО, ОД ПЕТОК ДОЖД И СНЕГ Викендов сепак високи температури

Од утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што за време на викендот ќе услови повисоки дневни температури.

886

Во текот на утрешниот ден (четврток, 25 ноември), времето ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде од 2 до 6, а максималната од 8 до 13 степени.

Под влијание на влажен бран, од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.






Од утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што за време на викендот ќе услови повисоки дневни температури.

Поврзани содржини