Уште тројца починаa од коронавирусот на Инфективната клиника

1,182

Уште тројца пациенти починаа на Клиниката за инфективни болести во Скопје како последица од коронавирусот, потврдиле за Телма од Министерството за здравство. Починатите се од Куманово, струшко Лабуништа и од Челопек, а претходно известивме за смртта на 80-годишната штипјанка.

Жената која неколку дена се лекуваше на Клиниката за инфективни болести во Скопје, по што ја изгуби битката со коронавирусот, најпрвин беше хоспитализирана на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.

80-годишната жена беше примена со дијагноза бронохопневмонија, беа направени два теста кои покажаа дека се негативни, но третиот покажа позитивни резултати на ковид-19. По нејзиниот случај 14 медицински лици од штипското Инфективно одделение се сместени во самоизолација, односно веќе четврти ден се изолирани двајца лекари, осум медицински сестри и четворица болничари.






 

Поврзани содржини