Уште тројца играчи на ПСЖ се позитивни на ковид-19

Иако ПСЖ не го објави идентитетот на заразените играчи, францускиот „Екип“ наведува дека позитивни резултати имале Маури Икарди, Марињихос и Кејлор Навас.

220

Уште тројца играчи на Пари Сен Жермен се заразени со ковид-19, објави францускиот шампион.

Иако ПСЖ не го објави идентитетот на заразените играчи, францускиот „Екип“ наведува дека позитивни резултати имале Маури Икарди, Маркињос и Кејлор Навас.






Пред два дена беше објавено дека има три случаи на заболени во тимот, а истиот весник објави дека Нејмар, Анхел ди Марија и Леандро Паредес се заразени со корнавирус.

ПСЖ го игра натпреварот од второто коло во Лига 1 на 10 септември на гостувањето кај Ленс.

Поврзани содржини