УШТЕ СМЕ ПРОТИВ ФИНСКА И ШВЕДСКА ВО НАТО Ердоган го повтори својот тврд став
Шведската телевизија емитуваше интервјуа со водачите на терористичките групи. По ова не можеме да кажеме дека се добредојдени во НАТО. Истото важи и за Финска - истакна турскиот претседател, пренесува ТАСС.
Анкара сѐ уште останува на ставот дека не го поддржува влезот на Шведска и Финска во НАТО, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција по разговорот со венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
– Шведската телевизија емитуваше интервјуа со водачите на терористичките групи. По ова не можеме да кажеме дека се добредојдени во НАТО. Истото важи и за Финска – истакна турскиот претседател, пренесува ТАСС.