УШТЕ СЕДУМ ДЕЦА ПРЕНЕСЕНИ ВО БОЛНИЦА ВО ТЕШКА АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА Бројот на затруени во белградскиот ноќен клуб се зголеми на 33

Познатиот ноќен клуб во Белград се издавал за приватни забави, наводно наменети за лица постари од 24 години. Ноќниот клуб повремено организирал таканаречени „all inclusive" забави, на кои за влезница што чини 1.500 до 2.000 динари се нуди неограничено конзумирање алкохол.

3,543

Уште седум деца денеска завршиле на ВМА поради труење со алкохол, со што бројката на затруени во белградскиот ноќен клуб „Синер“ се зголеми на 33, од кои повеќето се на возраст под 15 години, пренесува  Блиц.
Синоќа на ВМА во Белград биле донесени вкупно 26 лица поради алкохолно труење, а 12 од нив биле во најтешка состојба на интоксикација. Меѓу нив имало и деца под 15-годишна возраст, со нивоа на алкохол во крвта до 2,8 промили. После тоа на социјалните мрежи се појави информација дека децата се отруени со шпиритус.

Очевидци на настанот во познатиот белградски ноќе клуб за српските медиуми велат дека сцената била страшна.






– Беше ужасно, децата ги вадеа на носилки. Целата населба беше на нозе, низ центарот на градот одекнаа сирените на брзата помош и полицијата. Децата повраќаа пред клубот. Страшно е тоа што се случи, во самиот центар на Белград – вели еден од присутните во изјава за Блиц.

Во текот на ноќта пред клубот имало силни полициски сили, возила на брза помош и вознемирени деца. Менаџерите на клубот на Инстаграм објавија дека клубот таа вечер бил изнајмен за приватна забава.

Според сознанијата што ги пренесуваат српските медиуми, клубот се издавал за приватни забави, наводно наменети за лица постари од 24 години. Ноќниот клуб повремено организирал таканаречени „all inclusive” забави, на кои за влезница што чини 1.500 до 2.000 динари се нуди неограничено конзумирање алкохол.

Оваа практика, која на прв поглед изгледа како атрактивна понуда, отвора можност гостите да пијат во големи количини. Во таква средина каде пристапот до алкохол е лесен, а надзорот е минимален, младите лесно може да настрадаат како во последниот случај.

Вишото јавно обвинителство во Белград отворило предмет за утврдување на сите околности за случајот со труење деца во ноќен клуб.

 

📽 ДЕЦА ОТРУЕНИ СО АЛКОХОЛ ВО ПОЗНАТ НОЌЕН КЛУБ ВО БЕЛГРАД Најмалку 12 малолетници завршиле во болница со 2,8 промили во крвта

Поврзани содржини