УШТЕ СЕ ПРЕГОВАРА СО БАНКИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ Компаниите ќе ги добијат парите под исти услови како и државата

Од унгарскиот кредит за бизнисот се планирани 250 милиони евра.

165

Домашните компании ќе ги добијат парите од унгарскиот заем под истите услови под кои беа земени, рече денеска премиерот Христијан Мицксоки.

Тој уште еднаш кажа дека парите се стигнати, но уште се преговара со комерцијалните банки околу тоа каква би била обврската на државата кон нив.






– Парите од унгарскиот заем се веќе стигнати, тука се, на сметката на Народната банка. Уште се преговара со комерцијалните банки околу делот на тоа каква би била обврската на државата кон нив. Очекувам сите заедно да направиме нешто за државата и економијата – подвлече премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со претставниците на МАСИТ.

Од унгарскиот кредит за бизнисот се планирани 250 милиони евра.

Поврзани содржини