УШТЕ „ПАЛИ“ ИЗМАМАТА СО ЛАЖНИ НЕСРЕЌИ Битолчанка дала 150.000 денари, 1.300 долари, 150 евра и златен накит

Како што е пријавено, откако се договориле, позади зградата во која живее битолчанката ги дала парите на едно лице, а подоцна сфатила дека е измамена.

77

Битолчанка на 80-годишна возраст вчера во СВР Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка е повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати.






Како што е пријавено, откако се договориле, позади зградата во која живее, битолчанката ги дала парите на едно лице, а подоцна сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира СВР Битола.

Поврзани содржини