УШТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ИЗБЕРЕТЕ ОД ЛЕТНАТА ПРОМОЦИЈА НА ЕДС Заштедете на сметките за струја!
До 5 септември имате можност да ја искористите специјалната промотивна понуда при што може да изберете меѓу два тарифни модела, креирани за потребите на малите и средни компании.
Летната понуда за снабдување со електрична енергија која што ја подготви ЕДС, а која вклучува значителни бенефити за компаниите и намалување на сметките за снабдување со струја и до 30 отсто, завршува за само неколку дена.
До 5 септември имате можност да ја искористите специјалната промотивна понуда при што може да изберете меѓу два тарифни модела, креирани за потребите на малите и средни компании.
ЕДС, како еден од водечките снабдувачи со електрична енергија во земјата и дел од регионалната енергетска групација PPC, лансираше летна понуда дизајнирана специјално за малите и средни компании.
– Во ЕДС постојано се стремиме да им овозможиме на нашите клиенти најдобри услови за управување со потрошувачката на електрична енергија. Од почетокот на кампањата голем број компании ја искористија летната промоција на ЕДС и уште од првиот месец забележаа значителни заштеди на сметките за електрична енергија. Поради тоа ја продолжуваме промоцијата до 5 септември со цел да им овозможиме на сите заинтересирани можност да нѐ контактираат во овој временски рок и да им дадеме понуда со која што ќе ги намалат сметките за струја и ќе направат сериозна заштеда за својата компанија. Ова е уште еден пример за нашата посветеност кон поддршка на бизнисите и креирање на долгорочни вредности за нашите партнери – вели Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.
Тарифниот модел „Без обврски“ – нуди флексибилност кога ви е најпотребна. Овој модел е идеален за динамични компании кои не сакаат да се врзуваат со долгогодишни договори. Нуди едноставна фиксна цена, со можност за месечна промена, целосна транспарентност и без скриени трошоци.
Долгорочен модел – нуди финансиска сигурност и планирање – компаниите што претпочитаат стабилност и долгорочна сигурност можат да изберат 12-месечен договор по значително пониска цена – само 10,49 ден/кWh.
Во услови на либерализиран пазар на електрична енергија, потрошувачите имаат реална можност самостојно да изберат снабдувач кој најдобро одговара на нивните потреби.
Промената на снабдувачот денес е едноставна процедура која не носи ризик за вашиот бизнис – напротив, ви отвора врата кон поголема контрола и ефикасност. Промената на снабдувачот не е само законско право, туку и потенцијална можност за финансиска заштеда, подобри услови на договор и поголема транспарентност во односот со енергетските компании.