УШТЕ МИЛИЈАРДА ФУНТИ ЗА УКРАИНА ОД БРИТАНИЈА Парите одат за противвоздушни системи, дронови и за друга опрема

Парите се наменети за опрема, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, беспилотни летала и опрема за електронско војување. Велика Британија е вториот најголем снабдувач на воена поддршка за Украина, веднаш по САД.

81

Велика Британија ќе испрати поддршка за Украина во вредност од уште милијарда фунти (1,1 милијарди евра), со што нејзината вкупна воена и економска поддршка ќе достигне 3,8 милијарди фунти од почетокот на војната (четири милијарди евра ), соопшти денеска владата.

Парите се наменети за опрема, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, беспилотни летала и опрема за електронско војување.






Премиерот Борис Џонсон ги повика сојузниците на самитот на НАТО во Мадрид силно да се посветат на поддршката на Украина.

Велика Британија е вториот најголем снабдувач на воена поддршка за Украина, веднаш по САД.

Поврзани содржини