УШТЕ ЛИ СЕ ВОЗИ НА ЈАХТАТА СО ЗАЕВ, ДОДЕКА БРОДОТ СДСМ ТОНЕ? Каде е Венко Филипче, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Филипче јавноста не го видела цели 20 дена. Последен пат во земјава е виден на 2 август за прославата за Илинден во Крушево, а ни претходно нешто не се појавуваше, да не тренира бегање од јавноста, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

374

Има ли СДСМ лидер на партијата или на непочнати избори „кормиларот“ го напушти бродот кој тоне, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде испари Венко Филипче, се крие ли од македонската јавност или сфатил дека се наоѓа пред дебакл и нема што да понуди? Филипче јавноста не го видела цели 20 дена. Последен пат во земјава е виден на 2 август за прославата за Илинден во Крушево, а ни претходно нешто не се појавуваше. Додуша, за волја на вистината, во меѓувреме се појавија фото и видеоснимки како ужива во луксузно пловење низ Грција на скапа јахта со неговиот ментор, Зоран Заев. За јахтата ни Филипче ни неговата партија, ако е негова, не одговорија со чии пари е купена“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






Претходно кога го снема, се додава, исто Филипче повторно беше со Заев, ама тогаш на друго луксузно патување во Дубаи.

„Оттаму си набавија златни визи, за кои, исто така, не добивме конкретен одговор како се набавени. Изгледа луксузните забави и бизниси со Зоран Заев на Филипче му се поинтересни и приоритетни, наспроти водењето на партијата. Или, пак, можеби Филипче уште сега се спрема за дебаклот и големиот пораз кој го чека на локалните избори, па тренира бегање од јавноста?“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини