УШТЕ КОЛКУ ГРЕШКИ ИМА ПОПИСОТ? Електронското пребројување што ќе го направи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разреши дилемите

Над 132.000 граѓани се непопишани, односно за нив нема етничка припадност. Доколку Симовски сака, може дополнително да се помине кај тие граѓани, кои се евидентирани како непопишани, но тоа не се прави, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

367

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, призна грешка, уште колку грешки има пописот за да биде комплетен? Симовски призна дека првично објавиле погрешен број на атеисти, кој број подоцна е корегиран, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Претходно во пописот се заведени над 200.000 христијани, кои не спаѓаат ниту во групата православни, ниту во католици. Над 132.000 граѓани се непопишани, односно за нив нема етничка припадност. Доколку Симовски сака, може дополнително да се помине кај тие граѓани, кои се евидентирани како непопишани, но тоа не се прави. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ќе спроведе дополнителен електронски попис, кој ќе даде јасна слика, и ќе ги разреши сите дилеми и недоследности кои се појавувале“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини