УШТЕ ИМА ВРЕМЕ ДА СЕ ИСПЛАТИ К-15 Најнискиот износ е 18.141 денар

Административците, за разлика од вработените во приватниот сектор, до крајот на годината можат да очекуваат регрес за годишен одмор во висина од 12.372 денари.

7,243

Работниците кои во текот на годината не добија регрес за годишен одмор (К-15) можат да се надеваат на најмалку 18.141 денари што е законскиот минимум кој треба да се исплати по октомври.

Согласно законот, минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, е утврден на 40% од просечната тримесечна исплатена плата. Компаниите можат да утврдат и повисок износ на регрес за годишен одмор, но и понизок доколку имаат потешкотии во работењето, односно се во загуба, под услов на тоа да се согласи синдикатот во компанијата. Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците.






Во приватниот сектор по октомври износот на К-15 е 18.141 денар, додека, пак, во јавниот сектор регресот  за годинава е утврден на 12.372 денари.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а последен ден на исплата на регресот е 31 декември.

Ако вработените не го добијат законскиот минимум за К-15, можат да пријават во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.

Лани оваа обврска ја исполнија повеќе од 40.000 работодавачи.

Регрес за годишен одмор
период износ
01.01.-20.01.2025 г. 16.641
21.01.-20.02.2025 г. 16.763
21.02.-20.03.2025 г. 17.028
21.03.-21.04.2025 г. 17.150
22.04.-21.05.2025 г. 17.292
22.05.-19.06.2025 г. 17.449
20.06.-22.07.2025 г. 17.768
23.07.-21.07.2025 г. 18.134
22.08.-22.09.2025 г. 18.229
23.09.-21.10.2025 г. 18.205
22.10.- 18.141
Поврзани содржини