📽️ УШТЕ ГОРИ РАФИНЕРИЈАТА ВО ШАХРАН Израел и САД погодиле 5 постројки во Иран
Иранските власти потврдија дека нападите на САД и Израел синоќа погодиле повеќе енергетски објекти. Медиумуите утринава објавија и драматични сцени од други погодени објекти во регионот. Меѓу нив се хотелска соба во Бејрут и висококатница на владин објект во главниот град на Кувајт.
Пожарот во нафтената рафинерија во Шахран, во Техеран, уште не е целосно изгаснат. Објектот беше погоден во жестоките ноќни напади на САД и Израел врз енергетската инфраструктура на Иран.
Снимки од пожарот се шират на социјалните мрежи. На нив се гледа како пламен и густ чад се издигнуваат над индустриската зона во иранската престолнина.
Иранските власти потврдија дека нападите погодиле повеќе енергетски објекти.
The fire at the Shahran oil depot in #Tehran is still burning 🔥 pic.twitter.com/00tRGpnnBS
— Dharm (@dhram00) March 8, 2026
– Синоќа непријателски авиони нападнаа четири складишта за нафта и центар за транспорт на нафтени деривати во Техеран и во Алборз – изјави директорот на Националната иранска компанија за дистрибуција на нафтени деривати, Керамат Вејскарами, за државната телевизија.
Тој додаде дека сите пет постројки се оштетени. Според неговите зборови, пожарите се ставени под контрола.
Западните медиуми известуваат дека израелската офанзива врз Иран се фокусира на енергетската инфраструктура на земјата.
Медиумуите утринава објавија и драматични сцени од други погодени објекти во регионот. Меѓу нив се хотелска соба во Бејрут и висококатница на владин објект во главниот град на Кувајт.