УШТЕ ЕДНО ЖЕШКО ИЗДАНИЕ Викторија од „Манескин“ настапи со голи гради (ФОТО)

Атрактивната басистка Викторија пристигна на сцената во розово крзнено палто, кое го соблече за време на енергичниот настап.

713

Mногу познати музичари во саботата настапија на париската сцена на 24-часовниот фестивал „Global Citizen Live“. Програмата ја отвори британскиот музичар Елтон Џон настапувајќи пред Ајфеловата кула.

Публиката уживаше во настапите на големите музички имиња како „Блек ајд пи“, Доџа Кет, Ед Ширан и Стормзи.






Сепак, настапот на овогодинешните победници на Евровизија, италијанскиот бенд „Манескин“, крена најмногу прашина.

Фронтменот на бендот, Дамиано Давид (22) ја крена атмосферата изведувајќи без маица, со црн кожен ремен околу вратот поврзан со ист таков околу половината, во садо-мазо стил.

Атрактивната басистка Викторија пристигна на сцената во розово крзнено палто, кое го соблече за време на енергичен настап. Русокоста Викторија ги покажа голите гради со црни фластери преку брадавиците.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини