УШТЕ ЕДНО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО ТЕТОВСКО Ученик е нападнат за време на големиот одмор во училиштето во Теново

Полицијата информира дека за време на пријавување на настанот присутни биле претставници од Центарот за социјални работи Тетово и адвокат по службена должност.

257

Синоќа во СВР Тетово, Ќ.С.(47) од село Теново, тетовско, заедно со нејзиниот малолетен син, пријавила дека во основното училиште во селото, за време на големиот одмор нејзиниот син бил физички нападнат од четири други малолетници, ученици во истото училиште, информира МВР.

Полицијата информира дека за време на пријавување на настанот присутни биле претставници од Центарот за социјални работи Тетово и адвокат по службена должност.






Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини