УШТЕ ЕДНО НЕПО БЕБЕ ЧЕКОРИ ПО СТАПКИТЕ НА СЛАВНИТЕ РОДИТЕЛИ Ќерката на Гвинет Палтроу и Крис Мартин чекори во модна и музичка авантура

Како ќерка на Гвинет Палтроу и Крис Мартин, Епл Мартин го помина својот живот пред очите на јавноста. Сега, со своите потези во модата и музиката, таа почнува да обликува кариера која е посебно нејзина.

169

Епл Мартин како ќерка на Гвинет Палтроу, едно од оригиналните непо бебиња во Холивуд, таа ја претставува следната еволуција на славната лоза – пра-непо бебе. Израсната помеѓу свирките во првиот ред на Колдплеј и просториите за состаноци на Goop, таа е верзијата на „Непо Бебе 2.0“ од генерацијата X: родена во семејство со наследство, влијателна и веќе го обликува својот сопствен кул стил. Доказ? Епл Мартин веќе ја предводи сопствената модна кампања како новоназначено лице на Self-Portrait.

Уште како тинејџерка, Епл се најде во првите редови на ревијата на Chanel за висока мода во 2023-та и ја поддржа есенската кампања на Gap за 2025-та заедно со мајка ѝ. Таа стана и заштитно лице на модниот бренд Self‑Portrait, што ја позиционира како повеќе од „ќерка на“.






Сега, 21-годишната Епл ги освојува насловните страници откако се качи на сцената во „Канери Хол“ во Нешвил заедно со музичкото дуо „Џејд Стрит“. Групата сподели клип од Мартин како ги изведува вокалите на нивниот претстоен сингл „Сателити“, кој излегува на 28 октомври – нејзиниот прв обид во музиката надвор од сенката на нејзиниот татко.

Иако темелите ѝ се поставени од почетокот, Епл одбира мирен и внимателен пристап: ретко објавува на социјални мрежи, не се појавува често во медиумите и одбегнува да биде дефинирана преку другите. Како што вели нејзината мајка за неа: „Таа има многу јасна претстава за тоа која е.“

 

Поврзани содржини