Холивудски актер Алек Болдвин (62) со сопругата Хиларија го чекаат своето петто дете.
Оваа вест пристигна четири месеци откако инструкторката по јога Хиларија имаше втор спонтан абортус, а веста осамна со фотографија од парот со децата на инстаграм-профилот на магазинот „Пипл“.
Под објавата наизменично се менуваат пораки, од честитки, до оние кои им порачуваат дека треба да престанат, дека на нејзиното тело му треба одмор, па сè до грдите коментари дека Болдвин изгледа како да ѝ е дедо…
Хиларија и Алек се во брак осум години, а за тоа време ја веќе ја добија ќерката Кармен Габриела и синовите Ромео, Леонардо и Рафаел.
Актерот по шести пат ќе стане татко бидејќи од бракот со поранешната сопруга Ким Бесинџер ја има ќерката Ајрленд Болдвин.