Уште една жртва во вчерашната сообраќајка кај Страцин, почина 23 годишно момче

408

Уште едно лице им подлегна на повредите здобиени во сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Куманово-Крива Паланка кај село Страцин, информираа денеска од МВР.






Починал 23-годишен сопатник, откако бил пренесен за укажување лекарска помош, а вчера од здобиените повреди почина 55-годишен возач на едното од возилата кои учествуваа во несреќата.

Сообраќајката се случи вчера во 9,40 часот кај местото „Чешмиче“ пред село Страцин меѓу две патнички возила „фиат пунто“, едното со кумановски регистарски ознаки управувано од 55-годишниот возач Б.Ѓ. од село Железница и второто со кратовски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот И.М од Битола.

– Во незгодата од здобиените повреди починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ.(23) од сeло Железница и И.М. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, каде Ф.Ѓ – починал, информираат од МВР.

Увид извршиле јавен обвинител и полицијата.

Поврзани содржини