Уште една жртва на фотографот-злоставувач кој го обвини Емили Ратајковски: Се огласи и актерката ФОТО
Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски пред некoлку недели го обвини фотографот Џонатан Ледер за сексуално напаствување, а сега се појави уште една девојка која тврди дека и таа била нападната.
Актерката Нола Палмер тврди дека била жртва на фотографот кога имала само 17 години. Таа раскажала дека фотографот ѝ ја „украл младоста“ и дека поради него дури и името го променила.
– Читајќи ги нејзините зборови и начините на кои го опиша Џонатан, веднаш почнав да плачам. Бев под стрес пред да успеам да го прочитам натписот до крајот. Веќе со години ја носам болката и траумата поради Џонатан и неговото злоставување. Отидов толку далеку што го променив своето име, бидејќи во моите мисли тој го поседуваше, и не можев да ги отворам очите, а да не го „видам“ Џонатан – рекла Нола.
Таа вели дека поминала повеќе од 10 години емоционално врзана за Ледер и не можела да го заборави.
„Прв пат, благодарение на Емили Ратајковски и нејзината храброст, можам јавно да кажам дека Џонатан Ледер беше мој злоставувач. Емили, толку многу ми е жал што овој човек те повредил. Би сакала тогаш да имав сила за да те предупредам“, ѝ порачала Нола на Емили.
ФОТО: Инстаграм