УШТЕ ЕДНА ТУЖБА ЗА ЏОНИ ДЕП Менаџер тврди дека актерот под дејство на дрога и пијан го претепал на сетот

Станува збор за тужба поднесена од Грег Брукс, менаџер за локации кој работел на сетот на филмот „Град на лагите“ во 2018 година, а кој тврдел дека Деп во текот на снимањето двапати го удрил при расправија.

189

Откако од судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, излезе како победник, Џони Деп го дочека  уште еден судски процес.

Станува збор за тужба поднесена од Грег Брукс, менаџер за локации кој работел на сетот на филмот „Град на лагите“ во 2018 година, а кој тврдел дека Деп во текот на снимањето двапати го удрил при расправија за која, меѓу другото, бил виновен алкохолот. Во понеделникот беше објавено дека е постигната вонсудска спогодба, но детали не беа соопштени.






Она што е познато е дека Деп до крајот на август мора да ги исполни деталите од спогодбата, а во случај да не го направи тоа, судскиот процес повторно ќе биде покренат.

Брукс во тужбата навел дека Деп му викал, го удрил двапати по ребрата и му понудил 100.000 долари за да му го возврати ударот. Брукс наводно добил отказ, бидејќи одбил да вети дека нема да го тужи Деп поради инцидентот. Тој воедно го обвинил Деп дека се дрогирал на снимањето на филмот и тврдел дека бил под дејство на алкохол во моментот на споменатата расправија, која кулминирала со тепачка.

Откако Брукс ја поднел тужбата, во одбрана на Деп застанала Ема Даноф, која на снимањето на филмот работела како супервизор на сценариото и која тврдела дека споменатиот инцидент никогаш не се случил.

Таа доставила заверена изјава до судот во која навела дека била сведок на расправијата до која дошло, бидејќи Брукс и викал на црна бездомничка и притоа ја навредувал на национална основа.

„Тој веднаш стана, отиде кај Брукс и застана во одбрана на жената. Господин Деп му рече на господин Брукс: „Не можеш така да и се обраќаш. Мислиш дека таа е помалку вредна? Што мислиш, кој си ти? Како се осмелуваш ти?““, изјавила Ема Даноф која се спротивставила на изјавата на Брукс.

 

Поврзани содржини