Норвешкиот актер Кристофер Хивју (41), познат како Тормунд Џиноубиец од серијата „Игра на тронови“. објави дека е заразен со коронавирус.
Поточно, славниот актер сподели фотографија, во која ги известува своите следбеници преку Инстаграм дека е позитивен.
„Здраво од Норвешка! Жал ми е што можам да кажам дека денес тестирав позитивно за коронавирусот ковид-19. Јас и моето семејство сме изолирани дома. Ние сме во добра здравствена состојба, имаме само благи симптоми. Постојат луѓе со поголем ризик за кои овој вирус би можел да биде фатална дијагноза. Затоа ве замолувам да бидете исклучително внимателни, мијте ги рацете, останете 1,5 метар подалеку од другите, одете во карантин, само направете сѐ што е можно за да го запрете ширењето на вирусот“, напиша Хивју, меѓу другото.