УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО ТАБОРОТ НА ТАРАВАРИ Националниот координатор Рамадани ја напушта функцијата

Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја, соопшти Рамадани додавајќи дека оставката не претставува крај туку чекор на размислување за нови предизвици.

388

Националниот координатор за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани, кој беше кадар од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Тарвари, соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

„Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја. Искажувам благодарност до Алијансата за Албанците за довербата, до Премиерот за укажаната можност, како и до сите институционални соработници и партнери за поддршката и професионализмот. Оставката не претставува крај, туку чекор на размислување и подготовка за нови предизвици. Останувам посветен да придонесувам таму каде што мојот ангажман може да донесе вредност“, се наведува во пишаната изјава на Блерант Рамадани доставена до медиумите.






Претходно во текот на денот (20 мај), Собранието ја констатира оставката на министерот за здравство Арбен Таравари. Констатирани се и оставките на замениците министри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Фљакрон Беџети и Министерството за одбрана Елфете Исмаили.

Заменик претседателката на Собранието Весна Бендевска појасни дека согласно собранискиот Деловник тие имаат право да ја образложат оставката, но, оти до почетокот на оваа 49-та седница не побарале да го направат тоа, по што беа констатирани оставките.

 

Поврзани содржини