Уште една немирна ноќ во Хрватска, нови земјотреси ги оставија без сон жителите на Петриња

Ноќеска, околу 1 часот, жителите почувствувале и посилен земјотрес кој бил со јачина од 3 степени според Рихтер.

605

Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер беше регистриран вчера во Петриња, Хрватска, а потоа следувале уште два послаби земјотреса со јачина од 4.7 и 4.1 степени.

Земјотресите, сепак, не предизвикаа човечки жртви, но затоа, пак, евидентирани се бројни материјални штети.






Но, оваа област во Хрватска се тресела и во текот на ноќта и на утрово. Како што објавија тамошните медиуми, утрово околу 7 часот, земјотрес со јачина од 2.5 степени ја потресол областа. Ноќеска, околу 1 часот, жителите почувствувале и посилен земјотрес кој бил со јачина од 3 степени според Рихтер.

Поврзани содржини