Холивудскиот актер Едвард Нортон (51) престојува во Белград поради снимањето на филмот „Нож во грб“.
Славниот актер го посетил Музејот на Никола Тесла, пред кој се фотографирал со Ивона Јевтиќ, директорката на музејот. Нортон во музејот пристигнал со својата сопруга.
„Холивуд во Белград и во Музејот на Никола Тесла и познатиот актер Едвард Нортон“, напишала Ивон на Инстаграм во описот на фотографијата со актерот и предизвикала позитивни реакции кај нејзините придружници, кои ѝ порачале дека се горди на неа.
View this post on Instagram
Претходно, директорката објави фотографија и со холивудската актерка Кејт Хадсон, која го посетила музејот со своите деца. По тој повод, таа напишала дека ѝ е мило што славните холивудски актери одвоиле време за да го посетат музејот.
View this post on Instagram
Инаку, Едвард Нортон е најпознат на нашата публика по улогите во филмот „Боречки клуб“ и „Американска историја Икс“, како и од филмовите на Вуди Ален и Вес Андерсон. Познати се и неговите филмови „Исконски страв“, „Народот против Лари Флинт“ и многу други.
ФОТО: Инстаграм