Агенцијата за просторно планирање, која функционира со буџет обезбеден од Министерството за животна средина и просторно планирање, со кое раководи Насер Нуредини, кадар на ДУИ, не прифатила двајца административци распоределени од Министерството за политички систем на Артан Груби.
Како што јавува News33 а пренесува „Лајм“ неофицијално се дознава дека причината за неприфаќањето е несоодветната образовна квалификација.
За ова не коментираат ни од Министерството за екологија, ни од Агенцијата за просторно планирање предводена од директорката Андријана Андреева.