УШТЕ ЕДНА ДЕВОЈКА ГО ОБВИНИ ДИДИ ДЕКА ЈА ПРИСИЛИЛ НА ГРОЗОМОРНИ НЕШТА „Џејн Доу“ изнесе шокантни детали на судењето на раперот
Иако Шон Комбс и неговата поранешна девојка минале 2 месеца без никаква интимност, повторно се сретнале во хотел. Според нејзината изјава, таа не била емотивно подготвена за блискост, но се плашела да не го разгневи Диди. На суд појаснила дека се чувствувала притисната и дека се приспособила на ситуацијата за да му излезе во пресрет.
Како што пренесуваат странските медиуми, поранешната девојка која сведочи под псевдонимот „Џејн Доу“, по петти пат се вратила на суд за да продолжи со сведочењето против раперот Шон Комбс, познат по сценското име Пи Диди.
Со потресен исказ кој во многу нешта потсетува на сведоштвото на Кеси Вентура, таа опиша низ каков пекол поминала за време на врската со раперот.
Биле заедно од 2021 до 2024 година, со повремени прекини. На почетокот, како што рече, Диди ја облеал со љубов, внимание и со подароци, што ѝ дало впечаток дека се работи за искрена, стабилна врска.
Но, со текот на времето, сè се променило. И таа, како и Кеси, била присилувана на сексуални односи со други мажи и доживеала физичко и сексуално насилство од страна на музичарот.
„Јас не сум животно, јас сум човек“
За време на сведочењето, беа презентирани пораки во кои таа го моли раперот да престане да ја принудува да учествува на сексуални забави. Во пораките, таа му пишува дека веќе не може да го издржи притисокот и дека чувствува одвратност кон самата себе поради тоа што 3 години ја терал да има секс со други мажи.
„Изморена сум. Јас не сум порно ѕвезда. Јас не сум животно“, му напишала на Диди.
Слично како и Кеси Вентура, и таа користела различни дроги за време на забавите кои траеле по неколку дена, што дополнително го нарушило нејзиното психофизичко здравје.
Се соочувала со депресија, имала мисли за самоубиство, а страдала и од уринарни инфекции, и покрај тоа, тврди дека Диди ја терал да продолжи да учествува на забавите дури и кога била болна.
Дополнително, постојано чувствувала болки во грбот, долниот стомак и гениталната област како последица од груби сексуални односи.
Ја принудил да има секс со тројца мажи
Во текот на сведочењето, таа изнела низа тврдења за својата врска со озлогласениот рапер и зборувала за тоа како копнеела по неговото внимание. Опишала ситуација кога била принудена да биде во хотелска соба со Диди и со уште тројца мажи.
Џејн Доу навела дека Диди ја однел во хотел и дека таму поминале 3 дена. Само неколку дена подоцна, на социјалните мрежи видела дека Диди заминал на одмор со друга девојка.
Тоа ја повредило, па се покајала што го поминала тоа време со него, велејќи дека се чувствувала искористено. Истовремено, признала дека му упатила остро предупредување, бидејќи била вознемирена што го видела со друга жена. Му рекла дека мора да го прекине одморот со другата, или таа нема да направи „ништо“ што тој ќе побара.
Сепак, по 2 месеца без интимни односи, повторно се сретнале во хотелска соба. Истакнала дека не била расположена за блискост, но не сакала да го разгневи Диди. На суд рекла дека се чувствувала „под притисок“ и се приспособила на околностите за да му удоволи.
– Секој вид на наклонетост што во тој момент од животот го добивав од Шон, го прифаќав со раширени раце – изјавила таа.
Сепак, рекла дека се чувствувала „повредено“ откако била „присилена на секс со тројца мажи“. Наскоро потоа, на социјалните мрежи видела видео од Диди со друга жена.
– Тој беше со друга, додека јас бев сама и се опоравував од секс со тројца мажи со кои не сакав да бидам – навела таа.
За оваа ноќ вели дека била една од најодвратните, па дури и повратила. Но, Диди ја натерал да продолжат.
Диди ја тепал и ја дрогирал
Tаа кажа дека раперот постојано ја повредувал и физички и психолошки.
– Диди ме тепаше, ме дрогираше и ме принудуваше да имам секс со други мажи додека тој гледаше – изјави Џејн пред поротата, додавајќи дека сето тоа било дел од низа девијантни обрасци на однесување на кои била изложена за време на нивната тригодишна врска.
За време на врската со Диди, честопати била физички напаѓана. Тие сè уште биле заедно кога во јавноста излезе видеото на кое Диди ја удира Кеси во хотел. Иако раперот јавно се извини за инцидентот, девојката тврди дека само неколку дена подоцна и самата била претепана од него.
Таа признала дека еднаш го нападнала прва, откако расправијата за другите жени, кои биле во животот на Диди, излегла од контрола.
– Се наведна, а јас му ја удрив главата од масата. Фрлав свеќи, чаши, сѐ што ми дојде при рака. Бев преполна со гнев. Го мразев. Му велев дека го мразам – објасни таа.
Потоа, додала таа, тој ја удрил со нога, ја фрлил на подот, ја фатил за врат и ја подигнал, додека таа се обидувала да допре до подот со прстите и не можела да дише.
Физичките напади, како што рекла, не биле изолирани случаи. И по такви насилни инциденти, Диди продолжувал да ја присилува да учествува на неговите секс-забави.
Ја терал да се проституира
Таа опишала и случај од минатото лето, кога ѝ направил модринки на лицето, ја натерал да облече долна облека и високи потпетици, а потоа ангажирал и проститутка.
– Ми рече дека нема да дозволи јас да му ја уништам вечерта. Тоа не беше крајот на ноќта, според него – сведочеше таа.
Девојката додаде дека се чувствувала како заробеничка во таа врска – Диди ги покривал нејзините животни трошоцу, а таа станала финансиски зависна од него, што тој го користел за да ја контролира.
Во јуни 2024 година ѝ рекол дека нивната врска завршува.
– Му кажав дека се чувствувам ужасно во своето тело. Тој се налути и ми рече дека секоја надеж дека ќе бидеме заедно е мртва. Ми рече дека сум к***а. Го напуштив домот што тој го плаќаше, но додека си заминував, продолжи да ме навредува и да ми кажува колку сум ужасна – изјави „Џејн Доу“.
За потсетување, Шон Комбс – Диди (55) моментално се соочува со низа сериозни обвиненија, вклучувајќи заговор за рекетирање, трговија со луѓе преку сила и принуда, како и транспорт со цел проституција.
Уапсен е во септември и жестоко ги негира сите обвиненија.