УШТЕ ЕДНА АРМАДА ПРЕКРАСНО ПЛОВИ КОН ИРАН Трамп вели „ќе видиме“ за Блискиот Исток
Патем, има уште една прекрасна армада која во моментов прекрасно плови кон Иран. Па, ќе видиме, рече шефот на САД пред публиката.
Американскиот претседател јавно откри дека уште една американска воена флота се движи кон Иран. Неговата изјава веднаш отвори нов бран дилеми за вистинските намери на Вашингтон и за ризикот од понатамошна ескалација на Блискиот Исток.
Армада што „прекрасно“ плови кон Иран
– Патем, има уште една прекрасна армада која во моментов прекрасно плови кон Иран. Па, ќе видиме – рече Трамп пред публиката.
Не стана јасно дали мислеше на носачот на авиони и придружните бродови што веќе пристигнаа во регионот или на сосема нов распоред на сили.
🚨 JUST IN: 🇺🇸🇮🇷
The U.S. military buildup near Iran is now larger than the armada previously assembled off the coast of Venezuela. pic.twitter.com/nLRVUDtmDU
— WAR (@warsurveillance) January 28, 2026
Воена сенка над дипломатијата
Регионалната команда на американската војска во меѓувреме најави повеќедневна вежба на воздухопловните сили на Блискиот Исток. Тајмингот се поклопи со засилените пораки од Белата куќа и со зголеменото присуство на американска флота во регионот.
Трамп неодамна одби да ја исклучи можноста за воена интервенција, по насилното задушување на протестите во Иран.
Групи за човекови права и сведоци зборуваа за илјадници жртви, тврдења што дополнително ја заострија реториката меѓу двете земји.
„Се надевам дека ќе постигнат договор“
И покрај воените сигнали, Трамп во Ајова испрати поумерена порака.
– Се надевам дека ќе постигнат договор – рече тој, мислејќи на раководството во Техеран.
Претходно, во интервју за американскиот портал , Трамп изјави дека Иран покажувал интерес за дипломатско решение.
Ситуацијата ја опиша како „променлива“, нагласувајќи дека токму испраќањето на голема флота во регионот ја менува рамнотежата на силите на Блискиот Исток.