Уште еден земјотрес во Хрватска

468

Нов земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтерова скала утрово во 7,50 часот повторно го погоди централниот дел на Хрватска.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека епицентарот се наоѓал во близина на Петриња, исто како и првиот потрес кој се случи рано утрово во 6:28 часот.






Жители на Петриње тврдат дека почувствувале силно затресување.

Хрватската Сеизмолошка служба соопшти дека денеска во 6:28 часот е регистриран земјотрес со епицентар пет километри југозападно од Петриња, со интензитет од пет степени според Рихтерова скала.

Земјотресот бил почувствуван во Загреб, Риека и Сисак, каде голем број граѓани излегле на улиците поради страв од нови потреси. Во целиот град се огласиле аларми на автомобилите, а според првичните информации, во становите е причинета значителна штета.

Поврзани содржини