УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА ТАРАВАРИ Пратеничката Мимоза Муса останува во Вреди, не ја следи неговата политика

„Нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте. Не сум тука поради лични интереси, туку да му служам со достоинство и одговорнист на секој гласач кој веруваше во оваа мисија. Промената започна и ние ќе продолжиме понатаму“, посочува Муса во објавата.

804

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците попладнево преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од коалицијата Вреди што практично значи дека уште еден пратеник го напушта Арбен Таравари.

„Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата Вреди. Овој мандат не е само бројка, тој е глас на народ кој е уморен од повеќе од 20 години владеење на ДУИ и кој постојано бара промени. Минуваме низ тежок политички период и со право многу поддржувачи, пријатели и соработници прашуваат: Со кого е пратеничката Мимоза Муса?“, напиша Муса.






Додава дека нема да ја изневери довербата од гласачите.

„Нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте. Не сум тука поради лични интереси, туку да му служам со достоинство и одговорнист на секој гласач кој веруваше во оваа мисија. Промената започна и ние ќе продолжиме понатаму“, посочува Муса во објавата.

Претходно, вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и пратеникот Салим Сулајмани исто така соопштија дека го напуштаат Арбен Таравари.

Таравари ја напушти Владата по несогласувањата во коалицијата Вреди. Претседателството на Алијанса за Албанците реши на локалните избори да оди со самостојни листи за советници. Партнерите од коалицијата Вреди обвинија дека Таравари се приклонува кон опозициската ДУИ.

Поврзани содржини