🎥 УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА БЕКАМОВИ Каде беше отуѓениот син со неговата сопруга?
Семејната драма на Бекамови е повторно во центарот на вниманието, а се чини дека легендарниот Елтон Џон се обидел да ги смири тензиите меѓу своето кумче Бруклин Бекам и неговото познато семејство за време на ексклузивната забава по повод доделувањето на наградите Оскар.
Елтон Џон наводно се обидел да игра улога на посредник меѓу неговото кумче Бруклин Бекам и неговото познато семејство за време на забавата по повод доделувањето на наградите Оскар која Елтон ја организира со години.
Легендарниот пејач ги поканил Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц на забавата оваа година, поради растечките гласини за конфликтот во семејството Бекам.
Семејството Бекам и Елтон Џон се пријатели повеќе од три децении. Дејвид Бекам со љубов го нарекува музичарот „Чичко Елтон“, а нивното пријателство се развило за време на фудбалската кариера на Дејвид. Елтон требало да настапи на свадбата на Дејвид и Викторија во 1999 година, но во тоа време не можел да пее поради срцев удар. Сепак, подоцна настапил на крштевката на Бруклин.
Интересно е што драмата се разгорела само неколку часа пред забавата на Елтон. Имено, додека во Велика Британија се славеше Денот на мајките, Бруклин се огласи на социјалните мрежи за да ѝ го честита роденденот на мајката на неговата сопруга Клаудија Хефнер Пелц, но не ја споменал својата мајка Викторија Бекам.
Тој објави фотографија на Инстаграм со Клаудија и Никола со пораката:
– Среќен роденден на најдобрата „баба“. Ве сакам многу и се надевам дека имавте најпрекрасен ден.
Фотографите го фатија Елтон како разговара со Никола и Бруклин во еден момент, а странските медиуми објавија дека можеби се обидел да го убеди Бруклин да се смири со своето семејство.
Ова беше и првото јавно појавување на Бруклин и Никол по шокантните обвинувања на Бруклин против неговите родители. Фотографите ги фатија во интимен момент, со Никола како седи во скутот на Бруклин на тркалезна маса.