Уште еден терористички напад во Франција, полицијата го уби напаѓачот
Според француското радио Јуроп 1 мажот извикувал „Алах акбар“ и им се заканувал на минувачите.
Вооружен маж е убиен од страна на полицијата во Монфаве, во близина на Авињон откако со пиштол ги нападнал полицајците.
Според француското радио Јуроп 1 мажот извикувал „Алах акбар“ и им се заканувал на минувачите.
Тоа е втор напад денеска во Франција, што би можел да биде поврзан со тероризам, откако утрово во Ница напаѓач уби три лица, меѓу кои и една жена која ја обезглавил.