Нов, силен земјотрес во 18.38 часот по средноевропско време го погоди грчкиот град Лариса. Земјотресот бил со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 26 километри од Лариса и бил на длабочина од 10 километри.
Според досегашните податоци, земјотресот е почуствуван на целата територија на земјава со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Потресот ги вознемири и граѓаните на Македонија и на соседните земји.
За два дена, ова е втор силен земјотрес во Лариса, првиот беше со јачина од 5,5, степени според Рихтеровата скала и предизвика оштетувања на голем број објекти и десетина повредени жители.