УШТЕ ЕДЕН ШОК ОД ПАРИЗ! Се намалуваат шансите на Ѓоковиќ за учество на Ролан Гарос
До 22 мај, за кога е официјално закажано Отвореното првенство на Франција, на Ѓоковиќ ќе му истече сертификатот за вирусот, а тој би можел да биде во Париз само доколку реши да се вакцинира или повторно да добие позитивен тест на вирусот во овој период.
Новак Ѓоковиќ ја ризикува својата кариера затоа што нема да смее да присуствува на Ролан Гарос, бидејќи француската влада ги заостри ограничувањата поради коронавирусот, пишува „Шенгенвисаинфо“.
Според новите прописи, кои ќе стапат на сила на 15 февруари, сертификатот за вирусот ковид-19, со кој Новак би можел да влезе во земјата и да присуствува на натпреварот, ќе важи само четири месеци, пренесува „Шенгенвисаинфо“.
Ваквите мерки ги намалуваат шансите на Ѓоковиќ да биде на Ролан Гарос, бидејќи се знае дека во средината на декември бил позитивен на коронавирусот.
До 22 мај, за кога е официјално закажано Отвореното првенство на Франција, на Ѓоковиќ ќе му истече сертификатот за вирусот, а тој би можел да биде во Париз само доколку реши да се вакцинира или повторно да добие позитивен тест на вирусот во овој период.
Турнирот во Париз започнува на 22 мај и трае до 5 јуни, а сѐ уште не е јасно дали на него ќе учествува најдобриот тенисер и бранителот на титулата од минатата сезона, Новак Ѓоковиќ.
Засега не е познато дали играчите кои не се вакцинирани ќе можат да играат или дали Новак во меѓувреме ќе биде вакциниран.