УШТЕ ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ВОЗАЧ E ДЕПОРТИРАН ОД ШЕНГЕН ЗОНАТА За три дена го надминал условот за престој

За денеска е најавен и состанок на работната група во Европска комисија во врска со донесување конкретни решенија во врска со шенген правилата за продолжен престој на професионалните возачи 90 во 180 дена.

123

Македонските превозници се на удар на засилените контроли во Шенген зоната поврзани со предвидениот престој.  Досега неколку возачи се вратени од различни земји, а последниот случај е регистриран во пристаништето Росток во Германија, соопшти Макам транс на својата Фејсбук страница.

Од Асоцијацијата велат дека проблемот станува сериозен бидејќи превозниците може да останат без возачи, а стоката да доцни до последното одредиште, бидејќи треба да се направи замена на возачи.






-Денеска на пристаништето Росток – Германија контролиран е македонски возач кај кој е утврдено надминување на 3 дена од дозволените 90 во 180. За истото изречена им е парична казна од 150 евра и побарано е потврдна резервација за авион со кој доброволно ќе ја напушти Германија, а возилото кое е товарено ќе се предаде на друг возач од истото превозно трговско друштво да ја продолжи превозната операција. При напуштање на Германија на возачот ќе му биде издаден документ на кој ќе е наведено кога повторно ќе му биде дозволен влез во Шенген зоната – велат од Макамтранс.

Досегашното искуство на превозниците од регионот е дека доколку по втор пат при контрола се фати истиот возач за надминување на деновите, можно е изрекување на забрана од 5 години за влез во Шенген зоната.

Превозниците се надеваат дека проблемот до 1 април кога стапува на сила европското правило ќе се реши проблемот бидејќи ЕУ  донесува посебна стратегија во која професионалните возачи е можно да се изземат од правилото.

За денеска е најавен и состанок на работната група во Европска комисија во врска со донесување конкретни решенија во врска со шенген правилата за продолжен престој на професионалните возачи 90 во 180 дена.

Поврзани содржини