УШТЕ ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ ИМА СРЕБРЕН МЕДАЛ Каратистот Столе Смилковски се закити на ЕП (ГАЛЕРИЈА)
„Сребрениот“ Столе Смилковски се бореше за злато во финалето со Шпанецот Алекс Ортиз Де Зарате од кого изгуби со 4:1 и со стана е втор каратист во Европа.
Каратистот Столе Смилковски стана вториот Македонец кој се закити со сребрен медал оваа спортска година. Тоа се случи денеска, на последниот ден од европското првенство во Тампере, Финска, јавува Карате федерацијата на Македонија(КФМ).
„Сребрениот“ Столе Смилковски се бореше за злато во финалето со Шпанецот Алекс Ортиз Де Зарате од кого изгуби со 4:1 и со стана е втор каратист во Европа.
Смилковски претходно ги доби Естониецот Макар Навитски со 2:0, Швајцарецот Хусеин Мамадли со 4:2, Азербејџанецот Хусеин Мамлади со 4:1. Тој успеа да го победи и Русинот Егор Пулкин со 2:0 во полуфиналето.
Освен Смилковски во борба одлично се покажале и нашите каратисти Бериз Куртановиќ и Магдалена Божиновска кои остварија по две победи и освоија седмо место во своите категории. Нашиот женски ката тим го освил деветтото, а машкиот седмото место на првеството.
Всушност, сите македонски натпреварувачи се покажале одлично на првенството кое вклучува и јуниорски и У21-категории, па така Македонија си оди со вкупно четири медали: едно злато, две сребра и една бронза.
Погледнете ги сликите од натпреварите и од победата.