УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА ВИНАТА НА „ТИКВЕШ“ 7 златни, 4 сребрени медали и една специјализирана награда на меѓународни натпревари во Франција и Кина
Големиот успех на престижни меѓународни натпревари е од исклучително значење за позиционирањето на вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на меѓународните пазари и за зајакнување на нивната конкурентност. Наградите се значајни и за целата македонска винска индустрија и за промоција на земјата како винска дестинација.
Продолжува големиот успех на вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“. На две престижни меѓународни натпреварувања, што се одржаа во Кина и во Франција, врвните вина го докажаа својот квалитет, освојувајќи седум златни и четири сребрени медали, како и една специјализирана награда.
На најголемиот и најпрестижен натпревар што се одржуваа во Хонг Конг – „China Wine & Spirits Awards – Best Value 2022“, „Vranec Luda Mara 2019“ освои двоен златен медал, што е потврда за високиот квалитет и уникатните карактеристики по кои ова вино се издвојува во конкуренција на вина од целиот свет. Златен медал добија вината „T’ga za Jug 2021“ и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2019“, а на виното „Vase de Pierre 2017“ му беше доделен сребрен медал.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.